
Еден од најомилените пејачи на овие простори Владо Георгиев стана татко по вторпат. Неговата партнерка Милица Самарџија, со која веќе ја има ќеркичката Софија, роди уште едно девојче.
Радосните вести гордиот татко ги сподели со пријателите и со следбениците на социјалните мрежи, а откри и кое име го одбрале за ќерќичката…
Без многу зборови, кратко и јасно, само напишал: „Се роди Eлена“. На сличен начин и во септември 2016 година го објави раѓањето на првата ќерка Софија.