Кети Пери и Орландо Блум повторно заедно

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачката Кети Пери и актерот Орландо Блум повторно се заедно. Тие излегуваа пред повеќе од 10 месеци, кога беа премногу среќни, но неочекувано се разделија.

Кети Пери и Орландо Блум повторно се заедно, 11 месеци откако се разделија. Информацијата беше пуштена од „Сан Онлајн“ од извор запознат со односите на двојката.

„Тие повторно се заедно. Овојпат Кети сака работите да функционираат. Овој пат двајцата имаат намера да останат далеку од светлата на рефлекторите, но дефинитивно се заедно пак“, изјави изворот пред медиумите.

32-годишната пејачка и 42-годишниот актер излегуваа пред повеќе од 10 месеци и се чинеше дека се многу среќни, но во февруари минатата година неочекувано се разделија и одлучија да останат само пријатели.

Please follow and like us:
Pin Share