Младите дечки од познатата битолска група “Молика Јуниор” се преименуваат во ново име, тие од сега се
“Molika ONE”. Притоа, како што образложуваат тие веќе не се јуниори, туку веќе возрасни па од тука и идејата за преименување на името на групата.
-Molika ONE, после долго размислување од наша страна денес решивме да го смениме “јуниор” бидејќи повеќе не сме млади деца, веќе сме возрасни и затоа одлучивме да биде променето во MOLIKA ONE, напишаа членовите на групата на својот фејсбук профил, притоа упатувајќи големи поздрави до своите фанови и публиката.
Инаку, групата Molika ONE неодамна се вратија од турнеја во Америка, каде бележеа бројни настапи пред тамошните иселеници.