Швајцарија, Бугарија, Белгија-Следни дестинации на фолк дивата Елена Велевска !

Please follow and like us:
Pin Share

Швајцарија, Бугарија, Белгија се следните земји кадешто Елена Велевска ќе одржи концерти. Таа во моментов ја снима новата песна, а веднаш после снимањето започнува со настапите низ нашата земја.

Откако перидов убаво се одмори во друштво на своето семејство, Елена Велевска  започна со подготовка на нов материјал. Веднаш после снимањето на новата песна, започнуваат нејзините ангажмани и настапи ширум Македонија, а за краток период ќе следуваат и концерти во Бугарија, Швајцарија и Белгија.

-За претстојниот период само да ми заврши снимањето во студио со новата песна, веднаш почнуваат моите ангажмани во Македонија, Бугарија, а веднаш после тоа на 3-ти март имам гостување, односно концерт во Швајцарија, додека на 14-ти април гостин сум во Белгија и се надевам дека и таму ќе имаме убаво организирани македонски  концерти коишто ќе поминат со големи прослави бидејќи македонците насекаде ги има низ светот.-истакна Велевска при неодамнешното гостување во ИН Продукција.

-Кај и да сме, ние си ги сакаме нашите песни, тука сме да им ги пренесеме на оние кои не се во Македонија, а сакаат да ги слушнат македонските рефрени, па затоа тоа го правам со задоволство. На 9-ти февруари заедно имаме една српска забава со Менил Велиоски во дискотека The One” во Софија и тоа се засега моите однапред закажани ангажмани. Секогаш гледам да не бидат премногу во мојата агенда, а да бидат доволно квалитетни за да го зачувам она ниво за коешто се борев низ години да го достигнам.-вели фолк дивата.

Со оглед на тоа што Елена е доста зафатена со настапи во текот на целата година, периодот околу новогодишните празници одлучила овој пат да го помине со нејзиното семејство, што одамна не и се случило.

Please follow and like us:
Pin Share