НАСКОРО!!! Нова песна и спот на Ѓоко Јовиќ

Please follow and like us:
Pin Share

Ѓоко Јовиќ деновиве во соработка со ИН Продукција ќе сними спот за неговата најнова песна која што ја подготви периодов. Текстот за песната го напиша Александар Стевановски, музиката е на Ѓоко Јовиќ, а аранжманот на Дамир Имери.

Без разлика за каков период станува збор, познатиот македонски пејач Ѓоко Јовиќ не мирува и продолжува со творење на македонска песна. Како што откри во интервјуто за ИН ТВ тој веќе има неколку нови песни, а веќе деновиве ќе сними и официјален спот за една од нив во соработка со ИН Продукција.

-Тоа е нова песна, сеуште немам одбрано наслов, но мислам дека ќе се вика Прелетај соколе или Песна за Македонија, текстот е дело на еден од помладите текстописци, веќе докажан Александар Стевановски, музиката е моја, а аранжманот е на Дамир Имери. Дали ќе биде прифатена, ќе оставам на публиката да каже. Јас правам за да и се допадне на публиката, но пред се мислам дека кога мене ми се допаѓа песната, навистина очекам да биде прифатена, па ќе видиме. Јас вложувам се од себе и се надевам дека ќе и се допадне на публиката.

-Ќе добие официјално видео до пред Нова Година со ИН ТВ. Песната е одамна готова, буквално го чекавме овој период малку да залади и да заврши есенскиот период, да почне зимата, таа тежина ни треба за во спотот. Така да, за недела до две ќе биде објавена песната заедно со спот.-истакна Јовиќ за гледачите на ИН ТВ.

Ѓоко несомнено важи за еден од најдобрите машки вокали во земјава, а со што ќе не изненади во следниот период, останува да видиме.

Please follow and like us:
Pin Share