Судот во американската сојузна држава Флорида, покрена обвинение против раперот Лил Вејн за поседување огнено оружје пронајдено минатата година и му се заканува казна затвор од десет години.

Кај пејачот на хитот „Lollipop“ минатата година при претрес на неговиот приватен авион било пронајдено оружје со муниција.
Раперот, чие вистинско име е Двејн Мајкл Картер и пред десет години беше осуден за поседување оружје. Според законите во Америка, на осудените за поседување оружје им е забрането до крајот на животот да поседуваат оружје.
Странските медиуми објавија дека музичарот, кој има куќа во Јужна Флорида, признал дека позлатениот пиштол пронајден во неговиот багаж е во негова сопственост. Пиштолот, наводно, го добил како подарок за Денот на таткото.
За време на претресот, полицијата покрај пиштолот пронашла и неколку видови наркотици како кокаин, екстази и хероин, но и 25.000 американски долари.
Судењето на раперот треба да започне на 11 декември оваа година.
Лил Вејн има освоено пет музички награди „Grammy“, а пред претседателските избори во Америка, тој се се појавуваше во јавноста покрај Доналд Трамп.
