Со голема радост го поздравуваме излегувањето на новиот албум на нашиот познат гитарист Влатко Стефановски насловен „Taftalidze Suffle“.

Стефановски ја продолжува соработката со дискографската куќа „Croatia Records“, а на новиот албум тој е придружуван од подмладеното трио. Во нова ритам секција членуваат басистот Иван Кукиќ, како и неговиот син Јан Стефановски на тапани.
Албумот, музичарот го посветува на својот град Скопје, на населбата Тафталиџе, односно маалото каде што живее. А соработката со младите музичари Иван и Јан дополнително носи нова енергија.
Стефановски на својот Инстаграм профил деновиве со своите обожаватели и пријатели сподели фотографија со неговиот син, како уживаат на есенското сонце во населбата Тафталиџе.

Синот на Влатко, Јан, е име кое допрва ќе одекнува на музичката сцена како кај нас, така и надвор од нашата држава, не затоа што е син на голема музичка ѕвезда, туку е млад човек кој секојдневно напорно работи на своите замисли.
Јан постојано објавува свои изведби на тапани покажувајќи го својот талент, својата посветеност и љубов кон музиката, која несомнено ја наследил од својот татко.
