Аце од Оркестар Маестрал раскажува за Австралиската турнеја

Please follow and like us:
Pin Share

Александар Тасевски од Оркестар Маестрал во интервју за ИН ТВ раскажува за нивната Австралиска турнеја. Тој вели дека имале одлична дружба со нашите Македонци таму, но и огромна поддршка од екипата на сателитската ИН ТВ која е со седиште во Мелбурн.

Пред започнувањето на корона пандемијата, Оркестар Маестрал беа на турнеја во Австралија. Тие одржаа неколку концерти во повеќе градови каде што ги има нашите Македонци, а во оваа далечна земја престојуваа околу месец дена.

Александар Тасевски, гитаристот на Оркестар Маестрал гостуваше во студиото на ИН Продукција при што меѓудругото за Естрада плус ги сподели импресиите од оваа турнеја и од дружбата со нивните фанови и пријатели таму.

-Да, точно. Бевме во Австралија со многу убави спомени, многу убави дружби, меѓудругото и со соработката со ИН ТВ и на Австралиско тло бидејќи токму ИН ТВ пренесуваше во живо еден од нашите концерти во Волонгонг. Прекрасно беше, но за жал ете сега и ние и сите наши колеги сме спречени да патуваме до нашите иселеници во странство насекаде, а верувам дека очекуваат добра македонска музика сите.-вели Тасевски за Естрада плус.

Како што вели Александар во интервјуто за ИН ТВ и Оркестар Маестрал имаат голема загуба од откажаните настапи кои ги имале не само во нашата земја, туку и надвор од неа, шегувајќи се дека за Дочекот на Нова Година ќе бидат во Њујорк, но само со мислите.

-Сите настапи ги откажавме, остана настапот за Нова Година во Њујорк, но само со мислите овојпат. Се надеваме дека вирусот ќе заврши во најскоро време, сите сме оптимисти дека ќе дојде тој ден.-додава тој.

Инаку, слободното време Александар го искористи да ги промовира инструменталните дела кои ги подготви во изминатиот период, а кои се отсвирени во живо на Ут, познатиот чалгиски инструмент кој веќе три години го чува во неговиот дом.

За гледачите и слушателите ги претстави нумерите “Битола мој роден крај” и неговата авторска песна “Гурбет” која што ја посветува на нашите иселеници.

Please follow and like us:
Pin Share