Српскиот пејач Маринко Роквиќ од вчера е во болница во Белград, каде што бил итно опериран.

17, decembar, 2019, Beograd – Snimanje Novogodisnjeg programa na Radio televiziji Srbije. Foto: Antonio Ahel/ATAImages.
Тој отишол на рутинска контрола во Клиничкиот центар на Србија, но лекарите решиле да го задржат и веднаш да го испратат на операција. Веста за операцијата на фолк-пејачот за медиумите ја потврди и неговиот син, Никола Роквиќ, но не откри од што е опериран татко му.
„Татко ми добро ја поднесе операцијата и постоперативниот процес оди како што треба. Добро се чувствува и ве поздравува сите. Жилав тип е тој“, рекол Никола.
Поради пандемијата на коронавирусот, сопругата и синовите не може да го посетат Маринко во болница, но тој е свесен и се чувствува добро.
