Откако периодов добро се одмори и помина доста време со семејството, Борче Наумовски-Министерот работи на неговиот нов материјал. Тој вели дека песните се подготвуваат, но со намален интензитет поради состојбата со Ковид-19.

Борче Наумовски-Министерот за естрадниот магазин Естрада плус вели дека изминатите неколку месеци добро се одморил и поминал одлично време со неговото семејство. Како што открива Наумовски, периодов работи и на новиот материјал, но со помал интензитет поради ситуацијата со коронавирусот.
-Искрено работиме со помала брзина овој период и можам да кажам дека добро ни дојде и од премногу работа што имавме претходниот период, добро ни дојде малку и да се одмориме и да се видиме со фамилијата дома и со децата. Така да, правиме по нешто ново, но не мислам дека е тоа со некој голем интензитет затоа што така ни налага на сите ситуацијата, а секако дека ќе има нешто ново.-истакна Наумовски во интервјуто за ИН ТВ.

Борче пред извесно време учествуваше на годинешното издание на Изборот на Летен Фолк Хит кој што се одржа во Општина Новаци каде што настапи со песната “Убавица си моја”. Тој не го криеше задоволството од прекрасната организација на оваа манифестација која беше одлично место за дружба со неговите колеги од естрадата.
-Супер поминав, со оглед на тоа да кажам како ни помина на сите оваа година, ова е прво збиднување во Македонија воопшто, супер е за сите нас. И да имаме Дај Боже што побрзо уште повеќе вакви работи да се дружиме затоа што се заборавивме меѓу нас колегите поради ситуацијата.-додава тој за Естрада плус.
Меѓудругото, Борче во интервјуто проговори за корона кризата за која вели дека има доста лошо влијание врз сите музичари, а тој лично имал доста загуба од пропаднатите настапи.
