Ви го претставуваме Никита Дуковски, млад музичар кој свири на хармоника. Никита веќе подолг период е член на група Динамика, одлични музичари кои зад себе покрај авторски песни имаат и три музички проекти.

Никита Дуковски е релативно млад, но доста искусен музичар кој што моментално е хармоникаш на групата Динамика. За естрадниот магазин Естрада плус тој раскажува за неговите почетоци во музичките води. Како што вели, на 12 годишна возраст започнал да свири на сајзер, а потоа се преориентирал на хармоника.
-Со музика започнав на 12 годишна возраст. Најпрво започнав да свирам на сајзер бидејќи имав голема желба за тој инструмент, а потоа еден роднина ми донесе хармоника како подарок и почнав сам дома да свирам. Потоа татко ми кој ме поддржуваше во сето она што го правев, ми купи нова хармоника, па започнав да одам на часови и така си продолжив. Ние музичарите имаме желба за секој инструмент да го изучиме само треба секогаш да се проба нештото. Сум пробал да свирам гитара и тапани сум пробал, имам желба, но сум се одредил на друг инструмент.-вели Никита за Естрада плус.

Заедно со група Динамика пред само извесно време во студиото на ИН Продукција го промовираа нивниот трет заеднички проект кој се состои од добро одбрани македонски народни хитови.
Тие воедно ја претставија нивната авторска песна Лична Илина која е дело на Златко Миладиноски, а текстот го напиша Драган Матески.
Секако дека тука не запираат, како што најави Никита во интервјуто за ИН ТВ во најскоро време ќе промовираат уште неколку нови песни.
