Радост во домот на Сани Гроздановска

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачката Сања Сани Гроздановска имаше многу важна причина за славење.

Имено, на нејзиниот ѕид на „Фејсбук“ профилот осамнаа честитки од бројни нејзини пријатели.

Во домот на пејачката имаше повод за радување, за славење, а тоа е 3-от роденден на нејзината ќерка Ева.

Сани сподели фотографија од болница кога ја родила малата Ева, а нејзината поголема сестричка ја држи во прегратки и една фотографија од веќе пораснатата Ева која е преслатко девојче.

„Постои дата која не се заборава. А тоа е дата кога една мајка ќе роди ангел како тебе Ева. Среќен 3-ти роденден ангелу мој“ напиша среќната пејачка, а под објавата се нижеа честитки.

По бројните честитки, пејачката се заблагодари:

„Ви благодарам на сите на искрените честитки. Бидете сите живи, здрави и полни со љубов“.

Среќен роденден, да е жива и здрава.

 

Please follow and like us:
Pin Share