Една од најпопуларните женски изведувачи во регионот, словенечката пејачка со босанско потекло Сенидах, ретко објавува фотографии со детали од нејзиниот приватен живот.

Особено го крие својот љубовен живот, а малкумина знаат дека во моментот ужива токму во љубовта со извесен Стефан. Бидејќи Сенида фасцинира со својот изглед и харизмата, се очекуваше покрај неа да се појави некој ултразгоден маж.
Како што дознаваат регионалните медиуми, Сенида и Стефан веќе долго време се познавале, за што сведочи и малку постарата фотографија од нив. Но, од пред неколку месеци тие се во врска и како што може да се види од фотографиите Сенида и Стефан се вљубени до уши.

Двојката уживала на јахта, а престојувале во стариот град на Херцег Нови, каде што биле сместени претходните денови. Сопственичката на хитот „Камиказа“ со ова ќе разочара многу мажи, зашто нејзиниот статус сега гласи – зафатена.

