Џесика Палашоска ќе пее на Престон-Шампионскиот бал во Мелбурн

Please follow and like us:
Pin Share

Џесика Палашоска замина за далечната Австралија, каде што на 21-ви септември ќе одржи концерт на Престон, Шампионскиот бал во Мелбурн. При гостувањето во ИН Продукција таа потенцира дека таму ќе се пее исклучиво македонската песна.

Атрактивната фолк пејачка Џесика Палашоска отпатува за Австралија. Таа на големо задоволство на сите нашинци кои живеат во оваа далечна земја, ќе пее на Шампионскиот бал кој што ќе се одржи на 21-ви септември во Мелбурн. Пред нејзиното заминување за Австралија, Џесика ни гостуваше во студиото на ИН Продукција, при што истакна дека навистина е горда што организаторите ја одбраа токму неа, да биде дел од овој голем настан како единствена пејачка од Македонија

-За една недела ќе присуствувам на Престон, тоа е Шампионскиот бал во Мелбурн-Австралија и на огромно задоволство, ексклузивна гостина сум јас на таа вечер. Одам само за таа вечер, така да ќе биде само еден концерт.-открива Палашоска, за естрадниот магазин Естрада плус.

Џесика потенцира дека на Шампионскиот бал, таа ќе пее исклучиво македонски песни, а верува дека нејзиниот голем хит “Една е Македонија”, ќе го одбележи ова нејзино патување. Нашата пејачка ќе биде придружувана од добропознатите момци од Легато бенд и нивниот извонреден вокал Марјан Васкоски.

-Репертоарот ми е подготвен одамна, уште откако се договоривме веќе си го направив  мојот репертоар. Се разбира ќе испеам голем број песни македонски и ќе се пее само македонска музика таа вечер и мислам дека главна песна ќе биде Една е Македонија. Ќе ме придружуваат момците од Легато бенд од Мелбурн, заедно со нивниот пејач Марјан Васкоски и Ромео Ѓорѓиев.-додава Џесика, во интервјуто за ИН ТВ.

После оваа кратка турнеја во Австралија, продолжуваат нејзините ангажмани и патувања надвор од Македонија. Џесика веќе има закажан концерт во Кушадаси-Турција, а на ова атрактивно туристичко место, пејачката заминува на 16-ти ноември.

 

 

Please follow and like us:
Pin Share