Неуморниот проф. д-р Гоце Џуклески создаде уште две најнови ора кои премиерно ги изведе на ИН ТВ, поточно во македонското талент шоу. Едното го посвети на сите музичари првенствено на уметниците од Охрид но и на сите негови колеги од Македонија. Така е и насловено “Оро за музичкиот еснаф” зад аранжманот за истото се потпишува Дамир Имери. Второто оро е наречено “Ново пајдушко”. Кое е препознатливо по уникатниот ритам но сепак различно , односно ново. Аранжманот на ” Ново пајдушко” е на Славко Ристески. Џуклески креативно и активно ги исполнува своите пензионерски денови во своето родно огниште во охридското село Лескоец. Посветен на семејството и на нотите. Во неговиот активен професионален ангажман тој беше дел од Владата на Република Македонија, вработен во МВР како помошник министер и државен секретар, професор на факултетот за безбедност, научен истражувач, публицист, композитор. Плодна професионална кариера и блескава музичка историја се животен печат на почитуваниот автор Џуклески.