Во средата во ИН ТВ се снимаа уште 2 емисии од единственото талент шоу во Македонија. Првата беше последна од првиот круг и уште една во која натпреварувачите со песна се бореа за влез во вториот круг. Нивниот настап и пењее го оценуваше жири во состав: Проф.Гоце Џуклески, Стојне Николова, Бобан Мојсовски и Сашко Митев.Тројцата кандидати еден од Скопје и двајца од Прилеп имаа подготвено по 2 нумери . Редоследно втор, настапуваше кандидат кој има 18 години , по неговата прва отпеана песна коментарите на жирито кои беа конструктивни и реални не му се допаднаа на младиот прилепчанец кој без збор го напушти студиото и не си даде самиот себе си можност да ја испее и втората песна. Ова до сега е прво напуштање на учесник , во знак на револт или можеби срам .Од она што го слушнавме во сите овие три сезони од талент шоуто, немало кандидат кој толку дистонира, и не може ни одблиску да да ја испее песната , крајно погрешно и лошо. Иако секој збор на жирито беше на место , и најдобронамерно кандидатот само исчезна од студиото .