Отпеана” последната емисија од првиот круг

Please follow and like us:
Pin Share

Ин Продукција неделава ја сними и последната емисија од првиот круг за оваа трета сезона од македонското талент шоу. Во ИН телевизија  заради снимањето на шоуто наменски се правеше ново студио кое беше готово лани во ноември. Заради тоа оваа сезона започна подоцна а со тоа подоцна  заврши и првиот круг. Во емисијата која што премиерно ќе оди во сабота на 24 февруари своето пеење пред стручното жири го покажаа Кристијан Пешевски од Сколје медицинар со стручност физиотерапија , Христијан Алексоски кои се бави со прење од Прилеп и Давид Црвенкоски кој пее во црковен хор исто така од Прилеп.Тие како и сите останати имаа можност да се претстават со по две песни .Четири членото жири кое го сочинуваа Проф.Гоце Џуклески, Стојне Николова, Бобан Мојсовски и Сашко Митев одлучија кој ќе оди поматаму кој не. Искрени  професионалци кои долги години се во музиката со внимаие го следеа настапот на кандидатите и беа крајно транспарентни во своите забелешки и коментари, што е за поздрав и пример за напредување на кандидатите. Како гости во оваа емисија ќе ги видите прекрасните дами од Штип кои настапуваат под името ” Ѓердан” а ја негуваат старата мекедонска песна.

Anita

Anita Daeva

Please follow and like us:
Pin Share