Вториот круг музички го истрчаа уште тројца кандидати

Please follow and like us:
Pin Share

Македонската музика е непресушлив извор од кој пиеме и вечно сме жедни. Никогаш доста од колоритноста на нотите , од приказната на зборовите. Радува фактот што младите од Македонија ја почитуваат и сакаат музиката и песната која е нивни корен, нивно заедничко име. Македонското талент шоу и во оваа трета сезона им дава можност на сите кои се музикални, талентирани да се претстават пред публиката со мајчината музика и песна. Во сабота премиерно на австралиската ИН ТВ ќе се емитува втората емисија од вториот круг, во организација и  реализација на ИН продукција. Во неа Тамара Ристеска од Охрид, Викторија Стојаноска од Прилеп и Горјан Ристов од Подареш се потрудија да испеат најдобро за да обезбедат пласман во следниот круг. Нивната младост е сама по себе убавина, но со македонската песна таа бива уште поубава. Во жирито ги имаме почитуваните артисти на кои музиката им е и љубов и радост и потреба. Ирена Спасовска, Ташко Каранфиловски и Владо Пупиноски .Тие со афирмативни забелешки, совети и коментари им беа како ветер во грб на натпреварувачите. Кој стигна до целта и пласман во третиот круг ќе видиме на 17 февруари. Македонското талент шоу освен на фрекфенцијата на матичната ИН ТВ, се емитува и на националната ТВ Сонце како и на неколку регионални телевизии .

Please follow and like us:
Pin Share