Вториот круг од македонското талент шоу стартува во сабота

Please follow and like us:
Pin Share

Забава, одлична атмосфера, опуштен натпреварувачки дух , насмеани лица и многу македонска музика вака накусо ви ја пренесуваме сликата од студиоти на ИНТВ. Неодамна ИН продукција ја снимаше првата емисија од вториот круг на македонското талент шоу која премиерно ќе се емитува оваа сабота, односно на 10 февруари. Тројца кандидати и три исти  желби , да се помине следниот круг. Кристина Јованова од Воиславци, Онур Беќировски од Скопје и Шеип Исакоски од Подгорци се кандидатите кои се надеваме го дадоа својот моментален мсксимум да добијат позитивен одговор од жири комисијата. Во која за прв пат ќе го видите Владо Пупиноски врвен музичар кој настапувал на големите светски сцени со артисти од сите континенти. Магистер по музика кој е виртуоз на кларинет и саксофон .Од САД  каде што живее дојде во родниот Охрид. Уште еден магистер во жирито , дипломиран правник , пеачот ѕвездајлија Ташко Каранфиловски. Кој секогаш е расположен и за збор и за песна. И трет магистер во жирито ,но по екологија  Ирена Спасовска која е често присутна на снимањата во ИНТВ. Весела како и секогаш расположена за песна и детални коментари. Кој од натпреварувачите овде го заврши учеството во шоуто а кој ќе го гледаме и во следниот круг дознајте во сабота ИН ТВ почеток во 14.00 часот.

Please follow and like us:
Pin Share