Започнува Македонско талент шоу викендов премиерно на ИН ТВ

Please follow and like us:
Pin Share

Стартуваше снимањето на третата сезона од македонското талент шоу зад кое се потпишува ИН Продукција. Долгоочекувано од страна на нашата публика , за одложувањето на почетокот причината е една. ИН ТВ има свој нов дом кој изминатиов период се средуваше, од корен , со нови простории ,студија и сите пропратни елементи . Вчеравечер се снимаа првите 2 емисии од новата сезона . Водител како што веќе ве имформиравме е нашата Анита Даева која и минатата сезона ја имаше таа задача . Во жирито беа почитуваните музички уметници врвни професионалци во својата фела,Анета Љумаковска, Ирена Спасовска ,професорот Кирил Стојчевски и продуцентот Јовица Каралиевски. Бендот ” Охриѓанчиња” е со нас во третата сезона. Имавме имтересни кандидати со кои ќе ве запознаеме наскоро. Тамара Ристеска, Роман Идиќ , Шеип Исаковски и Благица Вејлановска. Премиерно беа испеани и новите песни на финалистите од претходната сезона, Борче Бегоски и Христијан Крстески. Премиера на новата песна имаа и браќата Бојан и Дарко Здравески . Како гости ги имавме Игор Павлески и групата ” Ексклузив” и уште еден наш поранешен натпреварувач Кире Ефтимов.Со нова песна гостин ни беше и младиот шармер од Ресен Благојче Тодороски. Од оваа сезона ги поместивме границите на возраст , имено секој што мисли дека има потенцијал за пеење, свирење а е од 15 до 45 години може да се пријави на официјалната страна на Македонското талент шоу . Она што треба да го направат кандидатите е да испратат кратко видео во кое ќе се претстават со песна. Ако лани бевме ограничени на народна, фолк музика годинава одлучивме да им дадеме можност на натпреварувачите да пеат и македонски забавни , поп , рок , песни . Најважно од се, пееме на македонски . Премиермата емисија гледајте ја во сабота.

Please follow and like us:
Pin Share