Битолската група Оскар ,дел од најновиот Турски филм за Кемал Ататурк

Please follow and like us:
Pin Share

Најнапред да кажеме дека ланската година се снимаше најновиот филм за таткото на модерна Турција, Кемал Ататурк, кој моментално се емитува на телевизија FOKS, притоа филмската продукција барајќи музичари за филмот, кај нив препозна квалитет, па дел од членовите беа поканети за соработка. Честа беше нивна, притоа да споменеме Горан Проја – кларинет, Дејан Арсич – Виолина, и Александар Груевски – Хармоника, покрај што учествуваа како статисти во првата епизода, тие и студиски изведуваат дел од музиката за филмот.

Групата по соработката со филската екипа за Ататурк, беа контактирани и побарани од ТРТ каналот за музика, и периодов ја снимаа емисијата “Етно балкан” музичко парче кое ќе зборува за убавината на градот Битола, историјата надополнета со неколку музички теми и муабети со група Оскар. На почетокот на месец ноември, групата сними неколку кавери на стари македонски песни, а до крајот на месецот треба да снимаат уште три авторски песни во соработка со Орце Стефковски и Златко Миладиновски. За крај да најавуваме дека до новата година ќе биде снимано и едно шоу во соработка со ИН-тв, а ќе биде пуштен во етер и еден микс со поп мелодии сниман летоска….

Please follow and like us:
Pin Share