Последните часови пред големата ТРАГЕДИЈА: Братот на Милан низ солзи откри што се случувало..

Please follow and like us:
Pin Share

На 61-годишна возраст синоќа ненадејно почина нашиот врвен инструменталист и композитор, првенецот на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот, маестро Милан Завков.

Со голема тага и во неверување ви ја пренесуваме жалната вест дека ненадејно, во 61-та година од животот, почина врвниот инструменталист и композитор, првенецот на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан Завков, соопштија од матичниот ансамбл.

Завков започнува да свири хармоника од 8- годишна возраст, а веќе на четиринаесет години станува член на оркестарот на тогашниот “Млад Танец” со кој раководел Ѓорѓи Димчевски. Потоа, неговите младински денови ги поминува свирејќи во Културно-уметничкото друштво „Мирче Ацев“, уште тогаш знаејќи дека музиката ќе стане негова животна и професионална определба. Во тоа време на Факултетот за музичка уметност во Скопје сè уште не постоеле студии по хармоника и така Завков се определува за неговиот втор инструмент, контрабасот и со успех дипломира на одделот за гудачки инструменти.

Но, без разлика на видот на дипломата, Милан Завков ја продолжува кариерата на својот прв и единствен избор – хармониката и остварува неверојатно богата изведувачка, но и творечка кариера. Во 1970-та година, со популарниот “Октет МАКЕДОНИЈА“ ја снима својата прва плоча, а во својата натчетиридецениска кариера на полето на народната музика, самостојно, во различни соработки, како и со познатата група “Македонски мерак” остварува врвни музички интерпретации и сигнификатен опус на композиции и аранжмани за бројни изведувачи.

На сцената има соработувано со многу имиња, а зад него ќе останат над 150 авторски творби, многу трајни снимки и повеќе дискографски изданија, меѓу кои врвните хит-мелодии како “Заиграј со мене”, отпеана од Виолета Томовска, “Камен да беше срцето” и “Свири мајсторе” од Гоце Арнаудов, “Нема друга Македонија” од Војо Стојаноски, “Лична Јовано” и “Лазарополе” од Наум Петрески, “Пат за Стамболград” и “Мораш душо да ме разбереш” од Благица Павловска, како и други создадени за Атина Апостолова, Пепи Бафтировски, Сузана Спасовска, Ленче Кукиќ, Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Милица Кузмановска, Ефто Пупиновски. Секако, Милан Завков низ годините се истакнува и како солист инструменталист со многу ора и чочеци и се здобива со углед на еден од најдобрите хармоникаши во Македонија, но и на просторите на поранешна Југославија.

За последните часови пред трагедијата низ солзи раскажува неговиот брат Тоше Завков.

Вели дека не може да поверува што се случило. Двајцата биле на одмор и вчера им бил прв ден на работа.

„Речиси цел ден бевме заедно. Разговаравме, правевме планови поврзани со музиката. Отидеовме на ручек. Беше многу расположен. Ние бевме многу блиски и секојдневно се дружевме.

Никогаш не се пожали дека има здраствени проблеми. Делуваше здраво и имаше голема енергија. Иако цел ден бевме заедно, ми се јави околу 19 часот.

Долго време разговаравме, се шегувавме и се смеевме“, открива Тоше за „Женски магазин“ и додава дека по два часа му се јавила сопруга на Милан.

Ништо не наговестувало дека ќе се случи трагедија: Потресни детали за смртта на маестро Завков

Му рекла дека на Милан не му е добро и веднаш да замине кај нив.

„Беше веќе доцна. Брзата помош во нивниот дом констатирала смрт. Се се случило одеднаш. Милн бил во своето студио, кое е во рамките на нивната куќа.

Работел на неговите нови песни кои сакаше да ги пријави на фестивалите. Дошол во салонот и само рекол дека го стега нешто во градите. Го добил првиот срцев удар, а потоа следувал и вториот“, раскажа Тоше.

Please follow and like us:
Pin Share