Ѓоко Јовиќ ја почести својата сопруга со скап подарок: По 4 дечиња и 15 години што ме трпиш

Please follow and like us:
Pin Share

Eден од најбараните и најпопуларните пејачи на фолк музика во Македонија, но и надвор е македонскиот пејач Ѓоко Јовиќ. Дијаспората постојано го бара, Македонците кои живеат во земјите ширум светот уживаат во неговата музика.

За успех во музичката кариера исклучително важно за секој музичар е партнерот да има разбирање за професијата која носи многу отсуства од дома. Ѓоко такво нешто пронашол кај сопругата Ивана со која имаат четири деца.

Потекнува од Валандово и пораснал во семејство кое се занимавало со земјоделие во кое преовладувал тутунот. Во едно интервју проговори дека и тој работел земјоделие и не се срами повторно да го работи.

– Најважната лекција ја научив од татко ми. Еден ден ме седна и ми кажа: „Сине, јас можеби не сум ти дал богатство, но сум направил сите да зборуваат за тебе само убаво. Сум оставил чисто лице“. Тие зборови ќе ги паметам цел живот, вели тој.

Љубов моја !! Со многу здравје, мир, љубов и Благослов да си ја возиш новата кола. Бог да те чува на сите патишта. По 4 дечиња и 15 години што ме “трпиш” редно е и јас да почестам.

Please follow and like us:
Pin Share