Теа ја напиша, а Ѓоко ја испеа: Летен хит на татко и ќерка кој ќе го разгори пламенот на љубовта во вас (ВИДЕО)

Please follow and like us:
Pin Share

Миленикот на сите генерации, нашиот Ѓоко Јовиќ остана доследен на своето, па така и овој пат во етер пушти ново парче музика со што донесе свежина и кај публиката која ужива во брзиот ритам што носи лето со себе. Она што е посебно за почит и што разбуди емоции кај публиката е тоа што текстот за “Пламен на љубовта” го напиша токму ќеркичката на Ѓоко, Теодора Јовиќ, за кој што текст музиката ја компонираше Ѓоко, додека аранжманот е на Иван Јованов, алијас Iwayo. Спотот се снимаше во Австралија, а кадри од Ѓоко се снимени во Македонија и со тоа е направен феноменален спот на илјадници километри далечина, кој што ја следи приказната во текстот во целост. Дека Теодора Јовиќ е талентирана и цврсто чекори по стапките на нејзиниот татко говори оваа песна. На Вас останува да ја слушнете и да ја споделите на социјалните мрежи.

Please follow and like us:
Pin Share