Во продолжение ќе ви откриеме која е најголемата желба на нашата позната фолк пејачка Сузана Гавазова?!
Една од најпознатите македонски фолк пејачки, Сузана Гавазова во интервју за ИН ТВ зборува за нејзините планови, но и желби за годинава.
Една од желбите за 2021-ва година е да создаде нов хит, но најголемата желба како што вели таа е оваа пандемија на корона вирус засекогаш да исчезне.
-За 2021-ва година секако дека ќе подготвуваме нови песни и дај Боже да има пак некој хит, тоа ми е една од желбите, но мислам дека сеуште не можеме да размислуваме околу случувањата во 2021-ва, само да исчезне таа пандемија која преовладуваше во минатата година и мислам дека тогаш веќе ќе можат да се прават планови.
Оваа година ќе имаме сите една желба. Да исчезне пандемијата. Да се вратат насмевките на луѓето, да се обединат сите во едно и да се поддржуваме. Тоа е една од моите големи желби. Да сме здрави и живи, семејството да е цело на куп.-изјави Сузана за гледачите на ИН ТВ.
Инаку, на почетокот од 2021-ва, Гавазова ја промовираше нејзината најнова песна насловена “Прстен несуден”, заедно со спот кој што го изработи ИН Продукција под режисерска палка на Даниел Јовески.
Сузана направи и одлично музичко шоу во живо кое што беше во соработка со големиот Оркестар на чело со маестро Златко Миладиноски. Беа отпеани најголемите македонски хитови, а специјални гости беа Влатко Миладиноски и Дамјан Стојаноски.