Слушнете ја “Само ти” на македонскиот пејач Дамјан Стојаноски

Please follow and like us:
Pin Share

И покрај целата ситуација со корона кризата, македонскиот пејач Дамјан Стојаноски успеа да сними нова песна и со неа да настапи на Роса Фест. Кога станува збор за откажаните настапи во земјава и надвор од неа, тој се надева дека истите ќе се остварат во најблиска иднина.

Иако повеќето македонски музичари периодов одлучија да направат мала пауза кога станува збор за музиката и снимање на нови песни, сепак некои од нив слободното време го користат за подготовка на новиот материјал.

Познатиот македонски пејач Дамјан Стојаноски во интервју за ИН ТВ истакна дека и покрај се не се откажува од музиката и дека веќе започнал со творење на нови песни.

Тој вели дека едвај чека да започнат нивните свирки и да се вратат на дружбата со публиката.

-Што ќе биде следно? Мое е да правам песни и да работам, па здравје откако ќе помине сето ова да почнат и настапите и самата работа ќе си кажува што ќе биде понатаму.

Инаку, морам да кажам дека покрај откажаните настапи во земјава, имав и неколку откажани настапи кои требаше да бидат во неколку Европски земји и тоа во тој период кога започна пандемијата, но се надевам дека тие настапи ќе се остварат понатаму.-вели Дамјан за естрадниот магазин Естрада плус.

А доказ за тоа дека постојано работи е и неговата најнова песна насловена “Само ти”, со која што настапи на фестивалот “Роса Фест 2020-та”. Станува збор за одлична песна со љубовна тематика, за која што музиката и текстот ги направи Дамјан, а аранжманот е на Златко Миладиноски.

А што ќе биде следно од Дамјан Стојаноски, останува да видиме!

Please follow and like us:
Pin Share