Ќерката на брачната фолк двојка, Миле Китиќ и Марта Савиќ, која исто се занимава со музика, пејачката Елена Китиќ е многу активна на социјалните мрежи. Најмногу на Инстаграм, каде споделува фотографии речиси секој ден.
Елена ја интригира јавноста со своите екстравагантни комбинации на облека и во голема мера ги диктира трендовите, а на своите фотографии често се фали со скапите луксузни парчиња од нејзината гардероба.
Судејќи според социјалните мрежи, Елена сака скапи автомобили, патувања на егзотични дестинации, но и скапа облека. Миле и Марта очигледно не штедат кога станува збор за нивната наследничка.
Да потсетиме, Елена се’ уште живее со своите родители во луксузна куќа од 550 000 евра, која е опремена со луксузен мебел, базен на средина од собата, билијард сала, а има и вистинска мала теретана.