
Ангел Стојкоски за неговите фанови подготви одличен музички проект. Станува збор за сплетови со добро одбрани македонски песни кои ќе бидат вистинско уживање за гледачите. Музичкото шоу се снимаше во студиото на ИН Продукција.
Добро одбрани македонски народни песни во новиот проект на Ангел Стојкоски. Како што истакна тој за естрадниот магазин Естрада плус проектот е работен со многу љубов и во истиот е вложен голем труд. Околу изборот на песните му помогнал Златко Миладиноски, во чие студио го сними и аудиото. Додека видеото го работеше со ИН Продукција во нивното ново студио во Охрид.
-Станува збор за сплет од убави и познати македонски песни. На проектот работевме заедно со Златко Миладиноски кој ми помогна околу изборот на песните во сплетовите, а аудиото го снимивме во неговото музичко студио во Скопје. Искрено, долго време размислував за вакво нешто, каде што баш тој сплет од песни ќе може да се слушне насекаде, на седенки, во кафана или пак, во домовите. Видеото го снимивме во студиото на ИН Продукција и воедно сакам да им се заблагодарам за нивната голема поддршка. Голема Благодарност и до Златко Миладиноски и целиот тим кој што беше вклучен во проектот.-вели Стојкоски, за Естрада плус.
Снимањето на проектот се одвиваше во одлична и доста позитивна атмосфера, а со оглед на моменталната ситуација кога во локалите ги нема свирките на нашите пејачи и музичари, сите оние кои што учествуваа во шоуто барем за миг се почувствуваа како да се во некоја меана.
Ангел за неговите фанови и за сите оние кои што го очекуваат ова шоу ги открива и дел од песните во проектот.
-Во овој проект се наоѓаат песните кои што им се познати на сите и знам дека ќе уживаат во нив. Еве ќе издвојам некои од песните за да знае публиката што ги очекува од мене и моите пријатели. Тука се песните “Како да ти речам мила остани”, “Ако згрешам нека изгорам”, “Ако бевме заедно”, “Како што е таа чаша полна со вино”, “По друм одам мајче”, “Сношти сакав да ти дојдам” и многу други.-открива Ангел за естрадниот магазин.
Ангел најавува навистина одлично музичко шоу за кое што верува дека ќе биде вистинско уживање за гледачите. За следниот период тој подготвува и нови авторски песни.