Помина период од повеќе од една година нов “Велат не нема” како да постана безвременска песна за многу кратко време. Особено најголема прашина песната крена на турнејата на легендарните Влатко и Златко Миладиноски и Дамјан Стојаноски кои периодов престојуваа во даечната Австралија и каде оваа песна е вистински хит во оваа далечна земја. Влатко е посебно задоволлен од постигнатиот успех на песната, како што вели од самите почетоци па се до денес.
-Морам да кажам дека од почетокот ИН продукција го сними самиот настап на “Гоце фест” со “Велат не нема” и така продолживме патот да го одиме заедно со продукцијата и и со песната, истакнува Влатко.
Според генералната оцекна од нивната целосна турнеја констатацијата е дека овие големи музички имиња отишле со “Велат не нема” во Австралија но следно е тоа дека “Велат не има” и тоа како што додава Влатко во многу голем број македонци.
-Колку што гледам по концертите не има и тоа во многу голем број и тоа не може да се случи нас да не нема. Ние сме како пиреј, колку и да не газат, да не требат ние ќе пораснем. Тука сме нема бегање. Остануваме на тоа македонско тло, нема каде да одиме,истакнува Влатко.
По нивната голема австралиска турнеја веќе отпочнаа и преговори за нивна следна турнеја во оваа далечна земја.
