По “Не ме допирај” ќе следи нов спот “Ајде бато”

Please follow and like us:
Pin Share

Периодов фолкерката Елена Јовческа се одлучи да сними два видео записи за две нови нејзини песни. За едната која носи наслов “Не ме допирај” веќе се реализзираше видео записот, додека пак за другата која е насловена “Ајде бато” Елена ќе снима за неколку денови.

-Следната песна се вика “Ајде бато”. Веќе е снимена песната. Таа песна е сосема различна од ова сега и таа песна исто ќе си добие видео запис, меѓутоа ќе иде многу поразлична од сега. Панирам да биде со моите драги пријатели заедно сите да се собереме и да направиме едно убаво видео. Сите мои пријатели да дојдат имам една замисла за еден поголем и поширок проект, истакнува Елена.

Итовремено Елена го подготвува и своето ново ЦД кое ќе биде насловено “Машала” а на кое ќе се најдат вкупно 12 песни.

-Треба да имам ушет еден или два дуети со двајца мои колеги. Неможам ништо да кажам додека не ги снимам песните. На новото ЦД ќе има мешана музика дефинитивно бидејќи како што имам кажано дека пеам на различни места , различни стилови така се одлучив да бидат и самите стилови, истакнува Елена.

За брзо време ќе седи и промоцијата на спотот за песната “Не ме допирај” во рамките на нашиот естраден магазин.

Please follow and like us:
Pin Share