Јовиќ: Момците од “Енерџи бенд” се мои браќа

Please follow and like us:
Pin Share

И оваа година мега популарниот Ѓоко Јовиќ заедно со својот “Енерџи бенд” ја остварија својата голема австралиска турнеја. Како долгогодишни соработници Ѓоко има само пофални зборови за својот бенд, кој како што честопати знае да каже ги нарекува “тоа се мои браќа”.

-Ние сме си неодделни. Јас и во неколку песни мои каде што ќе се спомне, јас спомнувам дека тоа се моите браќа, не мојот бенд. Од нив не се делам никогаш, ниту пак тие се делат од мене, така да си одиме секаде заедно и на приватни свирки и во Македонија и надвор од Македонија, тука во Австралија ние сме си заедно, истакнува Ѓоко.

Пред извесен период Ѓоко заедно со со својот бенд беа во далечната Австралија каде направија незаборавно дружење со нашите македонци во оваа земја. Претходно годината ја започнаа работно со снимање и промовирање на два видео записи “За Велигден” и “Стојне, мома на чорбаџи Стојана” , видео записи зад кои се потпиша ИН продукција.

Please follow and like us:
Pin Share