На свои 19 години Божидар Николовски е голем вљубеник во музиката особено забавната. Досега има снимано две песни од кое едната е отпеана на фестивал а за другата кој носи наслов “Свој” има снимено и видео запис. Божидар не застанува тука, како што вели продолжува и понатака да пее и твори македонска забавна песна. На прашањето кој е неговиот музички репер тој одговара:
-Кога зборуваме за македонската музика , се надевам како на повеќето музички лица во нашата земја, еден, единствен, незаменлив Тоше Проевски. Мислам дека тој беше на врвот и остана на врвот. Никој не се најде да го надмине, се надевам дека во скоро време и нема и навистина се огледувам на него и сакам, тајно пожелувам кариера како неговата, истакнува Божидар.
Што се однесува од светската музичка сцена Божидар издвојува повеќе ликови кои на некој начин сеуште креваат прашина во музичките води. Изборот го намали и сведе на балканската сцена па негови репери во музиката се:
– За машките изведувачи, дефинитивно би бил Здравко Чолиќ, бидејќи навистина во мојот град често ме спроедуваат со него, благодарение на физичкиот изглед. На едно дружење, настан каде што пеев, организаторот на тој настан ми го даде надимакот “малиот Чола” и навистина почнаа така да ме заприметуваат луѓето на улица. Првично кога го слушнав ми годеше, но сега кога поминува времето малку ми смета, бидејќи сакам да оставам свој печат на македонската музичка сцена и луѓето да ме познаваат само како Божидар Николовски а не благодарение на некое веќе познато музичко име. Што се однесува до женската страна , нема човек што е на средина кога станува збор за неа, или ја сакаат или ја мразат а тоа е Јелена Крлеуша, додава Божидар.
Тој за следниов период најавува создавање и на нови авторски пески кои секако понатака ќе си го пронајдат своето место на музичката поп сцена.
