Пред две години го сработија својот заедничкии проект во кој како гости имаа покането познати реномирани музички имиња. Битолскиот “Екстра бенд” се задоволни од остварената соработка исклучително со тоа што во проектот се јавуваат и Сузана Гавазова и Благојче Стојаноски Туше.
-Тој проект кој што е снимен во летниот период 2017 година каде што ни беа гости Јована, Сузана Гавазова и нашиот колега Благојче Стојаноси Туше. Нормално се повеќе и повеќе се бараат тие песни кои што ги пласиравме во тој проект и им се допадна тоа на луѓето, тој проект да речам беше интересен, истакнува Дејан.
“Екстра бенд” кој по краток период се враќаат на естрадата најавуваат и нови авторски песни, но и снимње на нови видео проекти како и нов албум.
-Албумот, имаме доволно песни за да го склопиме првиот албум. Нормано ќе има и неколку нови песни кој што ќе бидат снимени во наредниот период пред да почнат свадбените веселби. Ќе изработуваме уште две нови песни, па ќе видиме сеуште имаме некои измени во нив па не можеме точно да кажеме што ќе биде, додава Дејан.
Минатата година бендот ја имаше и својата америчка турнеја каде цели три месеци престојуваа во оваа далечна земја, бележејќи бројни настапи пред македонците во Америка.
