“Фаворити бенд” од Гостивар континуирано работата на нови песни

Please follow and like us:
Pin Share

Пред еден месец гостиварскиот “Фаворити бенд” во заедничка соработка со ИН продукција реализираа нов видео музички проект со одбрани песни кои повеќето се со свадбарски призвук. Како што напоменуваат тие продолжуват и понатака со активно творење и создавање нови песни во македонската музика, а не ја исклучуваат и можноста за формирање на една музичка целина од албум.

-Ние континуирано си работиме нови проекти, нови песни. Имаме во план, една песна е скоро готова со текст и музика, треба да се сними и да одлучиме заедно сите да видиме на кој фестивал да се прати. Тоа ни е во план. Исто така имаме и некои теми кој што ние работиме на тоа. имаме теми и архивирани песни кои што се и чекаме прилика каде да се изведе таа песна и каде да се сними. Дали следува фестивал од таков карактер како што е наменета песната. Имаме повеќе песни кои што се спремни и чекаат само да се одлучи која песна. Нормално имаме и планови за еден албум да се направи за брзо време. Претходно да собереме доволно материјал да се спремиме и да го реализираме тоа, истакнува Горан, вокал од групата.

Фаворити бенд остануваат најзапаметени по песната која ја отпеаа за родниот град Гостивар која на некој начин постана за брзо време химна на овој град.

Please follow and like us:
Pin Share