По стапките на мама така и младата Драгана Јовановска бележи бројни успеси по музичките натпревари навор од нашата земја. Како што открива нејзината мајка Тања која е реномирана фолк пејачка, не исклучуваат во блиска иднина да снимат и заедничка дует песна, токму поради фактот што честопати доаѓаат до таа размисла. 
-Да, размислуваме. Баш пред некој месец така по дома кога ќе си запееме нешто заедно, идејата беше нејзина па вика мамо да снимиме нешто заедно. И кажувам дека ќе снимиме но потребно уште малку да порасне за да можеме да направиме песна. Таа ми дава некои такви примери, ама искрено сакам да направиме нешто заедничко, но сепак ќе кажам нека потпорасне уште малку и нема проблем, мама е тука секогаш, истакнува Тања.
Младата Драгана продолжува и понатака со бројни успеси. Таа неодамна за само 15 дена освои две први места во Русија, а како што имаше напишано на својот фејсбук профил нејзината мајка, круната ја стави во Хрватска
