
Момците од бендот “Фриц брадрс” со новитет.
Тие во ИН продукција промовираа две нови песни, за кои тие се јавуваат како комплетни автори на истите. Она што е за истакнување е фактот што песните се малку во поразличен стил и доста мелозвучни каде оставаат впечаток уште при првото нивно слушање.
-Се трудиме да биде се различно. Две нумери досега имаме снимено, сите се во различен стил во различен ритам. Убави песни. Прва песна ни е “Пеј песно пеј” како кант автор , втората ја имаат слушнато гледачите “А, ти ме палиш” и “Свадба јас да направам” со труби, истакнува Владо вокалист на групата.
Бендот “Фриц брадрс” опстојува речиси 20тина години на музичката сцена, но во последниов период ги прават своите посериозни чекори со свој производ во музичките води. Тие полека но сигурно се наметнуваат со свој производ, што значи авторска музика.
-Имаме и други песни забавни, фанк. Пробуваме се што е добро од нас што ќе излезе да го снимиме и не остануваме на само еден стил, народно или забавно туку негуваме повеќе стилови, вели Владо.
Она што како заедничка констатација го изнесуваат од бендот, со оглед на нивното долгогодишно музичко искуство, публиката реагира на убавата песна.