
Прекрасен предел крај охридската ривиера и гледка која го мами секој кон езерскиот шир нуди хотелот” Престол” кој традиционално и оваа година ќе организира дочек на Новата 2019 година.
Неповторлив амбиент кој сам по себе ја оддава својата топлина и чувство на пријатност кај секој посетител. Годинава “Престол” нуди беспрекорен ангажман и целосна понуда за највеселата ноќ, при што најавуваат дека токму “Бумбари бенд ” ќе се погрижи за целосната забава во двете Новогодишни ноќи.
-И оваа година како и претходните години хотел “Престол” ќе организира дочек за Новата година, со богато мени и вклучен неограничен пијалок. Цената е 1 900 денари за првата вечер. Исто така организираме прослава и за втората вечер. Цената е 1 200 денари за втората вечер со неограничен пијалок. Гостите ќе ги забавува “Бумбари бенд”, добро познати на македонската естрада , истакнува Крсте Лекоски од хотел “Престол” Охрид.
Деновиве помеѓу другото хотел “Престол” блесна и во новогодишно руво, со две прекрасно украсени елки поставени на влезот како и други новогодишни декори кои дополнително само ја збогатуваат атмосферата. Како што истакнува Лекоски, резервациите веќе се во тек а помеѓу другото веќе во хотелот се резервирани и гости од Словенија за престојните празници.
-Помеѓу другото веќе имаме и резервации на гости надвор од нашата земја. Тоа се гости од Словенија, но и наши гости, додава Крсте.
Посебно за напоменување е фактот што токму во хотелот “Престол” доаѓаат гости кои и претходно биле тука па задоволни од понудата се чести посетители особено за празниците.