ДУА ЛИПА: ДА ОСТАНЕВ ВО КОСОВО НЕМАШЕ ДА УСПЕАМ

Please follow and like us:
Pin Share

Дуа Липа во интервју за ДПА изјавила дека не би успеала да стане пејачка ако како тинејџерка не си заминала од Кососво. Таа додала дека многу и пречи тоа што многу млади од Косово немаат таква можност.

Дуа Липа е родена 1995 година во Лондон. Родителите и се косовски Албанци. На кратко родителите се вратиле во Косово, за потоа да решат да го продолжат животот во Лондон.

„Некој во едно интервју ми кажа: Изгледа дека имаш имигрантска родителска етика. А мене ми се чинеше дека тоа е многу невообичаен коментар“, се потсетува Липа.

Таа додава дека сфатила што новинарот мислел.

„ Гледајќи ги родителите како паралелно работат неколку работи, дење и ноќе, сфатив дека ништо не можеш да постигнеш на едноставен начин и дека за сѐ што сакате да постигнете мора многу напорно да работите“ вели таа.

Please follow and like us:
Pin Share