(ВИДЕО) Дамјан Стојаноски го промовира спотот за песната “Мајко, чекај ме”

Please follow and like us:
Pin Share

Дали го погледнавте и дали ви се допадна најновиот спот од младиот Дамјан Стојаноски за песната “Мајко, чекај ме”?

Дамјан Стојаноски го промовираше неговиот најнов спот за песната “Мајко, чекај ме”. Видеото се снимаше во живописните предели со кои изобилува селото Букојчани од каде што и потекнува неговата фамилија. Спотот го изработи ИН Продукција.

Инаку, со песната “Мајко, чекај ме” Дамјан настапи на годинешното издание на Роса Фест, каде што доби бројни позитивни коментари пофалби, како од публиката, така и од неговите колеги и музички соработници.

Во продолжение погледнете го видеото и уживајте во прекрасната песна !

 

Please follow and like us:
Pin Share