Музиката е како вирус кој тешко излегува од човекот, вели Алексо Тришоски кој долго време се занимава со музика, а зад себе има и бројни музички нумери.
Во периодов тој има и нови песни, кои како што вели сеуште не му се промовирани. Едната е посветена за сите Марии а другата носи наслов “Македонец да си”. Сепак и покрај тоа, во изминатиов период Алексо е се повеќе посветен кон хуманоста и хуманитe дела.
-Што се однесува во поглед на хуманоста оваа година го одржавме десеттиот хуманитарен концерт, кој што беше наменет за деца со посебни потреби во Кичево. По мое мислење беше најуспешен. Околу 800 карти имавме продадено. Сите не дојдоа на концерт но претходно имавме во салата, направивме во малку поинаков план. Направивме концерт заедно со музичари албанци како и од други народности, истакнува Алексо.
Помеѓу големиот хуманитарен карактер на Алексо, тој бележи и успех во поезијата. Токму песната “Македонец да си” произлегува од тие редови. Првично, песната била напишана во поетска форма, а Алексо ја преработил во мелодична песна.