Светски познатиот ди-џеј, Дејвид Гета (51) моментално се одмара во Мајами со својата атрактивна девојка Џесика Ледон која има 24 години и е вистинска сензација на плажа.
Вљубениот пар го минуваше слободното време со своето милениче, но вниманието го украде 24-годишната убавица која во минијатурно бикини го привлекуваше сечие внимание.
Нејзините бујни атрибути, како и извајаното тело со стомачни, беа во прв план.
Инаку, двојката е заедно веќе три години, а нивната врска следеше после разводот на Дејвид Гета со својата сопруга Кети, со која што има две деца.