
Бележат долгогодишна музичка соработка.
Двајцата охриѓани Гоце Џуклески и Кирил Белистојаноски зад себе имаат плодна музичка соработка,а како што истакнува Кирил, токму професорот Гоце бил голем иницијатор за неоговото прво музичко парче, односно ЦД.
-Како главна вина за моето прво ЦД беше бате Гоце. Тој ми ги направи сите песни што се на него и се надевам дека соработката ќе продолжи и сум крајно изненаден од необичноста на мелодиите што ги исполнавме во ова ЦД, истакнува Кирил.
Како што додава Кирил нивната соработка ќе продолжи и понатака во музички правец. Годинава Кири го изостави настапот на охридскиот фестивал, но затоа пак оствари настап на Лешочкиот фестивал каде што настапи во дует со Милица Кузмановска.