
По нивните три видео проекти со кавери на познати песни, тиквешкиот ”Да Капо бенд”, веќе во најава се за
создавање на своја авторска песна. Неодамна тие го реализираа својот најнов видео проект со неколку сплетови на добро познати македонски народни и забавни рефрени, како и дел од легендарните поп песни од екс ју просторите.
-Секако дека размислуваме. Претходниот проект кога го снимавме, рековме следно е авторска песна. Па ете дојде повторно проект и сега ете ветуваме дека ќе направиме авторско нешто наше, истакнува Горан од “Да Капо”.
Со оглед на преголемата бараност низ тиквешкиот крај, “Да Капо” веќе се договорени за нивниот новогодишен ангажман.
-Имаме договорено веќе настап за Нова година. Ќе бидеме во Демир Капија во хотел “Модерна”. Таму сме на 31-ви декември и на 13 јануари за Стара Нова година, додава Горан.
Покрај бројните настапи во тиквешкиот регион “Да Капо” додаваат и тоа дека имаат и некои преговори за кратки турнеи надвор од границите на нашата земја.