
По неодамнешниот настап на “Роса Фест” големото музичко фолк име Миле Кузмановски на големо го
најавува својот нов албум. Како што истакнува самиот, интензивно рработи на својот нов албум со цел песните да бидат добри и прифатени од публиката.
-Се спрема новото ЦД.Во студио треба да влезам. За месец дена готови се уште три песни, да се снимаат. Мислам дека ќе фали уште една и албумот е готов. Некаде на пролет ќе го извадиме, истакнува Миле.
Во поглед на периодов кој следува на музички план Миле има полна агенда на настапи и надвор од нашата земја. По неговото неодаменшно враќање од кратка турнеја од Шведска, тој најавува тековни гостувања низ нашата земја а веќе од следната година поторно турнеи во Германија и на други места ширум Европа.