Група Марифет го промовираа спотот за нивното првенче. Станува збор за орото кое е насловено “Марифет Елено”. Видеото се снимаше на неколку локации во Прилеп, а во соработка со ИН Продукција.
Во прекрасна атмосфера и во присутво на голем број музичари и нивни соработници, во познат локал во Прилеп беше промовиран спотот од група Марифет за нивното прво музичко дело, орото “Марифет Елено”. Членовите на бендот беа презадоволни од реакциите на нивните колеги и пријатели.
-Искрено, од името на целиот бенд морам да кажам дека крајниот резултат е одличен. Во секој случај добро спакувано, а и верувам дека така ќе мисли и публиката.-истакна Кире, еден од членовите на Марифет.
Иморесиите од спотот ги сподели и Тоде Илиевски, кој воедно им се заблагодари и на сите присутни гости, блиски пријатели, колеги и музички соработници.
–Публиката беше воодушевена, имаше позитивни реакции. Пред се и јас сум задоволен, потоа мпите колеги од бендот исто се задоволни. Прифатеноста и одзивот на сето ова што го правиме ако го оценувам, ќе ставам десетка. Благодарност до сите наши колеги кои вечерва дојдоа, а и го очекував тоа од нашите колеги и музички соработници.-вели Тоде.
Инаку, видеото за инструменталното дело се снимаше на две локации во Прилеп. Првата локација беше во пазувите на Селечка Планина, кај манастирот Св. Димитрија во близина на селото Селце, а потоа и во добропознатиот Пица-Ресторан “Лаки”. Спотот го изработи ИН Продукција.
Во продолжение погледнете го видеото за орото “Марифет Елено” !