„Спајс грлс“ повторно заедно, но без Викторија Бекам

Please follow and like us:
Pin Share

Познатите „спајсици” ќе се обединат за турнејата, но во малку помал состав – без Викторија Бекам.

Четирите членки на британската поп-група: Ема (42), Мел Ц (44), Мел Б (43) и Гери (46), официјално потврдија дека се повторно заедно и преку социјалните мрежи ги известија обожавателите за датумите на турнејата во Велика Британија, истакнувајќи дека се возбудени што ќе се појават пред публиката.

Инаку, Пош Спајс, попозната како Викторија Бекам (44), нема да биде во промотивното видео, а своето отсуство од турнејата го оправдува со желбата да се посвети на кариерата во модниот бизнис, пишува „Дејли мејл“.

Турнејата почнува на 1 јуни 2019 година, опфаќа шест концерти и завршува на 15 јуни.

Please follow and like us:
Pin Share