Благица Павловска не крие дека е заљубена

Please follow and like us:
Pin Share

Со најновата фотографија на социјалните мрежи, Благица Павловска покажа колку е заљубена. Таа вели дека со помош на нејзината љубов Тале, конечно пронашла внатрешен мир.

Фолк дивата Благица Павловска и нејзиниот сакан постојано се, како што вели таа, на „љубовен пат“, бидејќи често патуваат и уживаат во љубовта. По многуте животни удари, Благица го пронајде внатрешниот мир.

Таа не се штеди преку социјалните мрежи на сите да им покаже дека во љубовта најпосле и цветаат ружи, па затоа нема што да крие кога е љубовта во прашање.

-Среќна сум што го најдов својот мир покрај човекот на мојот живот – мојата сродна душа. Едно е многу важно во животот, кога човек ќе ги надмине оние физички побуди од страст кои немаат значење и не ти го полнат срцето. По последниот бродолом кој ми се случи на приватен план, решив да направам пауза и да се посветам на самата себе, да си ја смирам душата и едноставно да се излечам. И тогаш, најспонтано се заљубив, во човекот кој во моментов седи со мене и ми го храни срцето. Ова не е една од тие љубови кои брзо се палат и гаснат. Во оваа врска имам силна духовна поврзаност, љубов и почит, а тоа е најважно, не пропушта да каже Благица за својата љубов Тале.

Please follow and like us:
Pin Share