Ѓоко Јовиќ секој слободен момент го користи на најблиските

Please follow and like us:
Pin Share

Секој слободен момент го користи за неговите најблиски. Ѓоко Јовиќ раскажува и какво изненадување и приредил на сопругата, но заедно со неговата ќеркичка.

Со оглед на тоа што е доста зафатен со настапи низ целата година, Ѓоко Јовиќ вели дека нема доволно слободно време, но секој слободен момент го користи на неговите најблиски.

-Моето слободно време, можам да кажам дека е релативно малку, но првото слободно време јас го користам на моите и мислам дека тоа слободно време секогаш ми е малку. Иако некогаш се погодува и два до три дена да ми бидат слободни, но сепак за мене се малку, ама си го користам за моите дома. Така да сите си сме среќни, расположени, весели.-истакна Јовиќ.

Ѓоко ни откри дека честопати знае да ја изненади својата сопруга. Последното изненадување било пред скоро време, со помош на неговата ќеркичка Теодора.

-Епа вака последното изненадување беше кога отидовме во сити мол, теа нешто да купи и така си шеткаме и ми вика еј тато на мама и е роденден, а ти баш тогаш ќе бидеш во Австралија. Дали може сега да и направиме изненадување? Добро викам ајде што да и купиме, вика ќе и го купиме парфемот што го гледаше вчера. Јас го знам отприлика парфемот, но ќеркичката точно го знае. Отидовме, го купивме и ни го ставија во ќеса. Теодора вика не во ќеса ќе знае мајками што е, па ајде баравме посебни целофани, да не изгледа како парфем, па го китевме и кога отидовме на врата дома ние пееме среќен роденден, а сопругата застанала и се чуди на кого му е роденден. И Теодора и вика мама ова ти е поклон од тато за роденденот, затоа што тато нема да биде овде.-раскажува Ѓоко.

Неговата сопруга била пресреќна од прекрасното изненадување, а Ѓоко вели дека доколку не била Теодора, можеби од големиот број обврски и ќе заборавел, но затоа дечињата никогаш не забораваат.

Please follow and like us:
Pin Share