Александра Пријовиќ кажа “ДА” !

Please follow and like us:
Pin Share

Алекандра Пријовиќ му кажа “ДА” на своето момче Филип Живоиновиќ. Судбоносниот збор, Пријовиќ го кажа на Мајами, а таа сега на нејзината рака ќе носи прстен од 20 илјади евра.

По повеќе од две години врска, Филип Живоиновиќ ја побара за жена Александра Пријовиќ. Филип испланирал сѐ внимателно, па причекал да стигнат во Америка, каде што целосно ќе се посветат еден на друг и каде што нема да има премногу метеж и притисок.

Александра го изговори судбоносното „да“ на Мајами, а на нејзината десна рака блеснал огромен дијамант.

Како што пренесуваат медиумите, Филип за прстенот платил околу 20.000 евра, купен е во престижната јувелирница, а веста за свршувачката ги шокира и нивните најблиски луѓе.

Инаку, Александра и Филип ќе се венчаат оваа година, а свадбата ќе биде организирана во Белград за сите нивни блиски да може да присуствуваат на нивниот најрадосен ден.

Please follow and like us:
Pin Share