Каде и да се појави, пејачката ги собира сите погледи од јавноста. Овој пат, Рита Ора блесна од убавина во бела креација на премиерата на Fifty Shades во Париз.
Светски познатата пејачка Рита Ора блесна на премиерата на новиот дел од триологијата Fifty Shades во Париз. Таа се појави во бела креација надополнета со нежни аксесоари кои правеа познатата пејачка и актерка да изгледа како ангел на синиот килим.
Елегантните панталони на кои имаше додаток создаваа драматичен изглед, а нејзините омбре прамени овој пат беа собрани во нежно стилизирана пунџа.
Рита во Fifty Shades ја има улогата на помалата сестра на Кристијан Греј, Миа која е една од омилените на обожавателите на оваа триологија.